НАСА прави интернет за целиот сончев систем

primary_252[1]

Како што напредуваше технологијата на полето на вселенското патување, така напредуваше и технологијата што им овозможува на астронаутите на Меѓународната вселенска станица да комуницираат со нас овде на Земјата. Досега, МВС беше најдалечната точка до каде што ни беше потребно да имаме човечка комуникација. Но, со интензивираната експлорација на универзумот и плановите да испратиме луѓе на Марс, комуникационата мрежа ќе мора да може да праќа повеќе информации на многу поголеми дистанци. Затоа, месецов, астронаутите го инсталираа првиот дел од тоа што ќе стане интернет на соларниот систем.

Колку и да изгледа мирно, вселената е многу хаотична средина. Космичен отпад, соларна радијација и бројни други невидливи сили – сé се тоа фактори што (ќе) придонесуваат нарушувањата на комуникационата мрежа да се факт и нешто со што мора да се соочиме. Затоа, за да ги „заобиколат“ ваквите прекини, научниците на НАСА создадоа технологија наречена DTN т.е. Delay/Disruption Tolerant Networking (мрежа толерантна на дисрупции).

Во суштина, DTN системот работи како железница во рудник. Како и количката полна со руда, така и „чворот“ со информација ќе остане во фаза на чекање сé додека мрежните линии (или во примеров, шините) не се расчистени, кога чворот ќе продолжи да ја пренесува информацијата до друг чвор или до крајната дестинација. Системот овозможува и зачувување на парцијална дата, што значи дека еден прекин во сервисот нема да го попречи целокупниот трансфер. На овој начин, се намалува шансата некоја порака од контролата на Земјата да се изгуби некаде попат кон астронаутите на (пат кон) Марс.

Прочитајте и:  Нови снимки од Јупитер, веројатно најдобрите досега

За подобра визуелна претстава, НАСА ја создаде следнава не баш едноставна илустрација:

BODY[1]

Од друга страна, иноваторите на DTN технологијата велат дека DTN не мора да биде користена само за суперкул вселенски телефонски повици, туку дека може да има и голема примена овде на Земјата, на пример во мобилната комуникација која страда од прекини. Едноставно речено, може да послужи како одлична алатка за обезбедување на конзистентна комуникација си региони погодени од катастрофи или со региони со кои е тешко да се воспостави комуникација.

- Реклама -