„Сторм-чејсерот“ („бркач на бури“) Брајан Снајдер имал намера да сними тајмлапс видео од една бура над Аризона, но наместо тоа снимил еден неверојатно редок метеоролошки феномен, кој изгледа како огромна маса вода одеднаш да паѓа на земјата. Стручно го нарекуваат „microburst“ или „rain bomb“ (дождовна бомба), а обично се формира кога „столб“ од студен воздух ќе пропадне низ средината на бурата. Личи на печурка при нуклеарна експлозија, само оваа е од вода и во обратен правец.
Освен силните врнежи (во форма на „водена топка“), дождовните бомби можат да предизвикаат и силни ветрови со брзина и до 240 км/ч, кои пак знаат да траат и по неколку минути и да откорнуваат и цели дрвја. Дождовните бури знаат да бидат опасни и за авионите и леталата.