Cocaine е нов енергетски
пијалак кој се појави на забавите во Америка минатата недела, а
неговите иноватори го нарекуваат како „легална алтернатива“ на
белопрашестата дрога.
Произведувачот тврди дека „земањето Cocaine“ ви дава поголем и подобар high без непотребниот крах кој е пропратен елемент на останатите енергетски пијалоци.
Тие тврдат дека енергијата ве обзема во првите пет минути, проследена со забрзување од 15 минути подоцна. Но, тоа не е се! Целата „вожња“ трае 5 часа и ефектот е 350 пати појак од оној на Red Bull.
Ефектот е делумно хемиски – пијалокот користи прости шеќери кои не мора да се разградуваат во телото и поголема доза на витаминот В12, а вториот дел е психолошки.
„Кога некој ќе го види името на пијалакот, се случува некој психолошки ефект и личноста е веќе спремна да го доживее енергетскиот хај дури и пред да ја отвори лименката.“ – шпекулира инвенторот Џејми Кирби.
Дали мислите дека ова би ве направило хај?