Најголемиот камион на светот – трикатна зграда на тркала

foto_7_1_[1]

Високо специјализираните инженерски операции често подразбираат употреба на возила што се од размер што го нема никаде на друго место во индустријата, а Belaz 75710 не е исклучок. Тој е најголемиот камион дампер во светот. Има две оски, но со по 4 тркала на секоја од нив. За да сврти, потребни му се 20 метри, а топ брзината му е 64 км/ч. Тешко е да се долови апсолутната големина на еден ваков камион, ама најблиску ќе стигнете ако замислите зграда од 3 спрата што се движи на тркала од 3 метри.

Belaz-75710-the-worlds-biggest-dumper-trucks[1]
Тие малите жолти ствари се градежни камиони и багери.

Погонуван е од два 65-литарски 16-цилиндрични дизел мотори, од кои секој има по 2300 коњски сили. Ова му овоможува да носи 496 тони товар. Каква примена би подразбирала камион што може да пренесе цело соседство? Рударството. Тоа е единствената индустрија каде што таа количина на товар може да се исплати во однос на цената на едно вакво камионско чудовиште. Еден камион чини 16 милиони долари, а и не е нешто ефикасен во однос на горивото (ич не е) – 198 галони по киловат-час, по мотор. Производителот од Белорусија вложува вкупно 644 милиони долари за понатамошно развивање на камионот, а веќе е едно од најимпресивните механички достигнувања што некогаш биле конструирани.

Truck_04[1]

Тешко дека некогаш ќе биде направен поголем камион, особено што овој изгледа толку голем што не би требало да може да се движи… Освен можеби ако не почнеме да копаме руда на Марс, каде гравитацијата е помала и овозможува поголеми возила.

9d9d3aef-30f1-48e6-9c33-1df5f303ab6e-large[1]

- Реклама -