На пазарче и по кинеските продавници може да сретнете брендови кои визуелно ќе ве намамат со својот дизајн кој е креиран да наликува на познатите светските марки, и ако не сте доволно претпазливи, вашите денари ќе отидат на третокласна „фалц“ роба. Мало мајсторство е да се смени марката и логото, а сепак тоа во голем процент да наликува на оригиналот. Погледнете ја оваа галерија на најдобрите копии и уверете се сами во вештината нa фалсификувањето.