Зошто не ги измив садовите

fight

На Reddit никна една дискусија на интересна тема – “Моментот кога сфативте дека бракот ви е завршен“. Во продолжение, дел од споделените искуства, барем од тие што привлекоа најголемо внимание:

1. “Тој не сакаше да работи. Креваше голема фама околу барањето работа, пишуваше молби, а потоа ги криеше во автомобилот и никогаш не беа испратени. Капката што ја прели чашата беше кога ги најдов сите молби во автомобилот”.

2. “Дознав дека има љубовница. Наместо веднаш да го оставам идиотот, јас му реков дека ќе се обидеме да го поправиме бракот и побарав да ја остави љубовницата. Тој одговори: А, што ако јас и ти не успееме? Е, тука пукнав”

3. “Ме изневеруваше, но мислев дека уште имаме можност да го спасиме бракот. Шест месеци подоцна ми се закани со развод бидејќи се однесував пристојно со келнерката во ресторанот. Кога стигнавме дома, ѝ реков дека нашиот брак е завршен. Следниот ден отидов кај адвокатот и ги предадов документите за развод. Се вратив во ресторанот, ѝ го побарав бројот на келнерката и денес сме среќно заљубени и во брак. Фала ѝ на мојата бивша што ме турна во рацете на оваа прекрасна жена“

4. “Пуштена сум дома од болница заради проблеми со слепото црево. Сопругот ме чекаше во запален автомобил неколку километри подалеку. Тој ден му се јави на шефот и му рече дека ќе земе слободен ден за да се грижи за мене. Во реалноста, тој веднаш се испружи во креветот и цел ден играше видео игри. Во куќата немаше храна и рече дека нема да оди до продавница затоа што сметал дека тоа е моја должност. Го прашав дали може да ни направи вечера, а тој почна расправија, а потоа му реков дека не ми требаат такви ствари во животот. “Па, тогаш, можеме да се разведеме“, ми рече. “Може”, му одговорив“

5. “Решив во петокот да ги средам сите куќни задолженија, за да можеме да имаме опуштен викенд. Го усисав станот, избришав прашина, го изрибав вецето, исправ и пружив две машини алишта, сменив постелнина, отидов да испазарам, ја дочекав со зготвена вечера. Нејзината реакција: “А зошто не си ги измил садовите?”

6. “Шест недели по свадбата, ме праша дали може да оди на состанок со колешката. Веднаш поднесовме документи за развод“

7. “Мојата поранешна сопруга качи повеќе од 80 кила за 10 години брак. Тоа никогаш не ми пречеше и никогаш не коментирав за нејзината тежина. Еден ден, се обидував да го облечам стариот дрес од мојот омилен тим и ми беше тесен, бидејќи и јас самиот имав неколку накачени кила. Спомнав дека ќе треба да купам поголем дрес, а таа на тоа одговори: “Нема да трошиме пари на твојот глупав дрес. Ќе мораш да ослабеш”

8. “Бевме заедно 6 години и цело време една нејзина пријателка зборуваше дека не сум доволно добар за неа, дека не заработувам доволно и дека заради тоа животот ќе ни биде ужасен. Никогаш не сум бил богат, а парите не ми значат многу, наоѓав среќа во други работи. Еден ден ми рече дека ќе ме напушти ако не најдам подобро платена работа. Јас ја оставив истиот тој ден.

Од тогаш поминаа 10 години. Бев на службено патување со мојата прекрасна сопруга, и погодете кој нé служеше во барот пред летот? Мојата бивша и нејзината најдобра другарка. Им оставив бакшиш и им реков: „Изгледате како ова да ви е потребно многу повеќе отколку нам”. Најдоброто пиво што некогаш сум го испил“

ПС. Чисто да си знаете на што сé може да налетате

- Реклама -