Македонскиот шампион Вардар ќе игра против Динамо Загреб во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Екипата на Вардар на ждрепката во Нион го доби можеби најтешкиот противник во втората квалификациска рунда, хрватскиот џин кој е и постојан учесник изминативе години во групната фаза од најелитните европски клупски натпреварувања.
Останатите четири двојки се Карабах – Дуделанж, Хапоел Бер Шева – Шериф Тираспол, Олимпија Љубљана – Тренчин и Лиепаја – Салцбург.
Првиот натпревар Вардар ќе го игра на домашен терен на 12. или 13. јули, а реваншот ќе се одигра недела дена подоцна во Загреб.
По победата над Динамо Загреб со 2-0 на домашен терен, Вардар стана есенски првак на Југославија, сезоната 1986/87.
Еве како тресеше Вардар тогаш?