Првата жена во вселената: Од вечерно школо до „Жена на векот“

capture1234[1]

На 16 јуни 1963 година, Валентина Терешкова стана првата жена што леташе во вселената. Летот со рускиот вселенски брод “Восток 6” траеше 2 дена, 22 часа и 50 минути.

Терешкова е родена на 6 март 1937 година во село Маслениково во Тутаевскиот регион на Јарославската област во централна Русија. Подоцна ќе се пресели во стариот град Јарослав, каде ќе работи во текстилна фабрика и ќе учи вечерно школо. До 1960 година работи како заводски работник, а потоа ќе почне да тренира падобранство во Јарославскиот аероклуб.

Во декември 1961 година, специјална комисија задолжена за селекција на кандидати за жени астронаути, ќе почне да ги обиколува ароклубовите во земјата. Валентина ќе се најде во редовите на избраните космонаут(к)и и ќе почне со подготовки за евентуален вселенски старт.

Прочитајте и:  Научниците се жалат дека сателитите „Старлинк“ на Илон Маск пречат на истражувањата

Веќе во 1969 година, Терешкова дипломира на воздухопловната инженерска академија “Жуковски”, станува кандидат на технички науки и генерал-мајор. Терешкова го зазема и местото на претседател на Комитетот на советските жени, а станува и потпретседател на Меѓународната демократска федерација на жените.

Веќе кон 2000-та година го предводи Рускиот центар за меѓународна научна и културна соработка. Во 2000 година, Британската организација на жените ја прогласи за “Жена на векот”.

- Реклама -