Како гугла баба ми

v221119[1]

Баба му на асистентот по настава – Бен Џон, има 85 години. Од скоро се најде на Твитер, откако внуков ѝ ја проверил историјата на гуглање на лаптопот.

„О боже, го отворив лаптопот на баба ми и видов дека кога и да гуглала нешто, секогаш во реченицата пишувала ‘ве молам’ и ‘благодарам’. Не ми се верува“.

На приложенава слика се гледа баш тоа. Бабава пишала: „Ве молам да ми ги преведете овие римски броеви, благодарам“.

Кога внукот ја прашал зошто така пишува, бабичево одговорило дека мислела дека така е нормално и дека е убаво да се биде пристоен.

Најуљубезна. бабичка. на интернет. евр!

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome
- Реклама -