Шефот на Фиат-Крајслер: Нема големо фајде од електромобилите

Големиот шеф на FIAT-Chrysler, Серџо Маркионе, е убеден дека електричните возила не можат да носат профит на производителите, кои ги оставија зад себе сите недоразбирања околу традиционалните системи за погон и сега имаат поблескава иднина.

Во интервју за британското списание Car Magazine, Маркионе дури објасни дека Tesla е „iPhone кај автомобилите”, но со сосема спротивност. Телефоните носат огромни профити за Apple, што не е со случајот со електричните на компанијата на Илон Маск, која досега бележи само загуби. Италијанецот појасни дека ја користи оваа метафора, за да објасни и дека секој треба да се занимава со она што се разбира, т.е автомобилските производители да не прават смартфони и обратно.

2013 Fiat 500e

Маркионе нагласува и за развојот на палетата модели на FCA, каде компанијата работи во насока на зголемување на моќноста на бензинските и дизел мотори при намалување на работниот обем и потрошувачката на гориво.

FIAT пласира 500е од 2013 година, но неодамна Маркионе целосно сериозно ги замоли клиентите да не го купуваат електричниот модел, бидејки секоја од овие електрични изведби носи по 10,000 долари загуба на компанијата. Шефот на компанијата додаде дека 500е се појави само за да може FCA да ги покрие строгите еколошки барања на Калифорнија.

Автоплус

- Реклама -