Дарко Марковиќ – човекот со јајца

pecko

Тешко е да се каже нешто за Дар-Мар со зборови, кога неговиот основен јазик беше карикатурата. Ама тој не е само обичен карикатурист и обичен хумористичар. Тоа што Дарко Марковиќ го прави голем се јајцата. Дарко Марковиќ имаше доволно муда да гризе кај што другите не се осмелуваа ни да зинат.

11542042_599987786809992_8175006017445014550_n

Кога сите колективно се посравме и ги наведнавме главите, Дар-Мар пукаше уште посилно. А неговото оружје беше еден едноставен и кроток лик, обично човече, но будно човече, човече со прашања, човече што никогаш не се покори – Пецко.

10649976_670673486408088_2826070105491391634_n

Таа смиреност на Пецко доаѓа од фактот што ментално, Дар-Мар секогаш беше на повисоко ментално ниво од масата. Беше смирен затоа што знаеше што доаѓа, а другите паничеа и ќе паничат затоа што не го слушаа кога ги предупредуваше. А требаше, затоа што Дар-Мар ги гледаше нештата „три месеци пред другите“.

10998302_600470096761761_4680037639017752887_n

12072753_647381568737280_4314867480580372137_n

Има уште понекои како него. Ама си молчат.

12096191_647130768762360_4979293359869429943_n

Ќе остане нејасно дали ние имавме среќа што го имавме Дар-Мар додека го игравме Тешкото, или тој имаше среќа што се роди во земја со непресушна инспирација.

11702675_602445876564183_2476018051261977536_n

Ама едно е сигурно: Ако ништо не научивме од Марковиќ, допрва ќе го играме Најтешкото.

11703070_607823469359757_2274189029580707918_n

Дар-Мар направи доволно. Заслужи одмор. Нека почива во мир.

- Реклама -