Mercedes А-класа ќе се кити со повеќе стил

popup_365_Mercedes-1000-1[1]

Mercedes-Benz започна со работа врз наследникот на третата генерација на A-класа. Се очекува моделот да биде подготвен за официјалната премиера за време на салонот во Франкфурт, во есента 2017 година.

Германците подготвуваат автомобил со релативно непроменети димензии, но со речиси радикално поинаква визија – поостри линии и експресивни црти. Кон тоа ќе биде додадена чисто нова платформа за автомобили со преден погон, што ќе ја намали тежината на моделот, водејки до подобри индикатори за горивна економичност и динамика.

Новата A-класа ќе биде повторно насочен главно кон младите корисници. Токму поради тоа, во понуда ќе има еден куп современи системи, меѓу кои адаптивен автопилот – за прв пат во оваа класа и диодни фарови. Се најавува дури полу-автономен механизам за управување. Моторите, барем на почетокот, ќе се преземени од сегашниот модел, но ќе бидат подобрени. Топ верзијата A45 AMG ќе има сосема нов четирицилиндерски мотор кој ќе развива моќност од над 400 КЅ.

Автоплус

- Реклама -