Не вознемирувај

sex-hotel-2
„Не влегувај, има некој гол внатре“: citizenM Hotel, Амстердам, Холандија

Сите оние знаци што висат на кваките на хотелските соби имаат иста порака – „Не вознемирувај“, но воопшто не се исти. Било преку материјалот, техниката или дизајнот, DND (Do Not Disturb) знаците – како што ги викаат скратено, речиси секогаш откриваат по нешто за економијата или културата на земјата која ја посетувате, зборуваат за големината на хотелот и хотелскиот индивидуализам.

15745720720_c0b23380eb_h-1280x614
Chaweng Resort. Koh Samui. Тајланд
5949514587_2781bd952e_o-440x1024
Maison Souvannaphoum Hotel. Luang Prabang. Лао

Едоардо Флорес е колекционер на Не Вознемирувај знаци. Во неговата колекција има преку 9.000 парчиња. Благодарение на тоа што работи во ILO (International Labor Organization) при ОН, Флорес патува многу и насекаде, најмногу во Азија, вклучувајќи ги и Бутан, Ирак, Кенија, Бурма, Фиџи и Пакистан, каде што ја почнал колекцијата. Има собрано DND знаци од 190 земји.

5955739570_55a8cd0800_o-2-780x1024
Ana Mandara Villas Dalat Resort & Spa. Dalat, Виетнам
5955169575_9ed0a5c01c_o[1]
Ana Mandara Resort. Nha Trang. Виетнам

„На едно од овие патувања земав Не Вознемирувај знак од хотел во Пакистан како сувенир. Подоцна го закачив во мојата канцеларија, а еден колега искоментира дека би било убаво човек да има колекција. Од тој ден па наваму, систематски земам ‘сувенир’ од сите хотели што ги посетувам. Тоа беше во 1995 година“.

15524523967_c447d58ba6_o-407x1024
„Уште бројам“: Oceana Beach Club Hotel. Santa Monica. САД
sheraton-870x1024
Sheraton Frankfurt Hotel & Towers, Аеродромот во Франкфурт

Се разбира, колекционирањето знае да стане и опсесија, а Едоардо тоа добро го знае. „Кога и да влезам во хотелска соба, првото нешто што го правам е погледнувам зад вратата во потрага по DND знак. Многу се вознемирувам кога нема. Некогаш дури и менувам хотели, ако се случи такво нешто“.

6795823113_449676c969_o
Таи, мазен (тивок) како свила.

Не се знае многу за DND знаците, па е многу тешко да се говори за нивното потекло. Флорес претпоставува дека почнуваат некаде од 20-от век, веројатно во САД, каде што приватноста се ценела повеќе отколку на истокот. Од друга страна, DND знаците имаат и репутација на помошници на криминалот.

6073803014_8e45843c2d_o[1]
Izmaylovo-Alfa Hotel. Москва, Русија

Иако денес ги има насекаде, Не Вознемирувај знаците се често запоставен и неискористен извор на маркетинг. Голем дел од хотелите избираат празни, генерички (стандардни) знаци, било да е заради буџетски ограничувања или немање на креативност. Други хотели, пак, стануваат сé покреативни и користат знаци што го брендираат хотелот, зборуваат за неговата личност и го привлекуваат вниманието на гостите со повеќе сенс за визуелното. Но, исто така има сé поголем број на хотели што ги заменуваат конвенционалните DND знаци со електронски екрански светла на хотелската врата. А тоа, е кошмар за секој колекционер.

6072645958_7ce5d6fd3e_o-1-470x1024[1]
Orbis Hotels. Полска
6088714989_1299cd4ecb_o-472x1024[1]
Armada Hotel. Истанбул, Турција

Лима, Перу
Лима, Перу

И уште многу повеќе од извонредната колекција тука.

- Реклама -