Клаус Тебер можеби не ви е познато име. Ама ако знаете барем нешто за борд гејмс, ја знаете Settlers of Catan. Името на Клаус стои на секоја од кутиите на играта – тој е човекот што ја измисли.
Дизајнирањето на борд гејмс на почеток му било само хоби. Но, откако продаде 25 милиони копии од „Катан“, Клаус веќе не мора да работи во денталната лабораторија… ниту пак на друго место.
Неодамна, Great Big Story отиде во Германија за да го посети човекот лично и неговото семејство. И пази, сите тие да ти биле фанови на Катан и да ти биле лути ривали.
Споделуваат и пар совети:
1. Секогаш треба многу да се жалиш, дури и ако победуваш
2. Гради градови што порано
3. Совет од креаторот лично: Никогаш не бркај Longest Road рано во партијата
Играчите на Settlers знаат дека играта е забавна и кога губиш, а има и такви како мене, што ја играат само заради кукањето и блокирањето полиња со Robber-от.