Дипли, брате роботе

robot-660x330[1]

За перење и пеглање на облека одамна имаме машини. Имаме и за диплење, ама се примитивни и ги викаме „раце“ (мислев да пишам „мајки“, ама ај).

Дејли Мејл го најави Foldimate – првиот робот опремен со фиоки во кои како инпут се става тазе перена облека, а како аутпут излегуваат фино здиплени парчиња. Од компанијата соопштуваат дека на машинаат ѝ требаат не повеќе од 10 секунди, а во фиоките може да се стават меѓу 15 и 20 парчиња облека. Се очекува уредот да чини меѓу 700 и 850 долари, а веќе може да се нарача од сајтот на компанијата со испорака во 2017 година. Во продажба во трговските синџири тој ќе биде пуштен дури во 2018 година.

Прочитајте и:  Робот со вештачка интелигенција киднапирал 12 колеги

Медиумите со радост известија за постоењето на Foldimate. Во ера кога е сосема логично да очекуваме дека наскоро роботите ќе нé заменат на сите досадни полиња, ние со лутина прашуваме: Што им требаше толку долго?!

- Реклама -