Денес Маркос Евангелиста де Мораис, попознат како Кафу, полни 46 години. Играше за Сао Паоло, Хувентуд, Реал Сарагоса, Палмериас, Рома и Милан, а најмногу ќе го паметиме по последните два клуба.
И со двата клуба успеа да ја освои италијанската лига, со Рома 2000-01, а со Милан 2003-04. Со Милан го подигна трофејот на Лигата на шампионите 2006-07.
Со Бразил настапуваше на светските првенства од 1994 и го крена трофејот 2 пати (1994 и 2002), а 1998-та беше финалист.
Тој е еден од ретките што има освоено сè.