НАСА пред дигитроните

nasa-presentation-before-powerpoint-1961-3[1]

Не е ракетна наука да се знае дека НАСА знае за ракетна наука. Знаеше уште во 1960-тите, кога ракетната наука беше многу покомплицирана од денес.

Денес можеш да пресметаш колку гориво ти треба до Месечината и назад на смартфонот додека лајкуваш слики од мачки на Инстаграм. Денес дознаваш колку тежи Нептун, на пример, со впишување на „Neptun weight“ во пребарувачот.

Во 1961-ва, научниците на НАСА немаа такви скапи играчки. Додуша имаа, ама си ги носеа во главата, а ги користеа со помош на креда и џиновски табли. И да видиш чудо, го испратија првиот американски астронаут во вселената баш таа година, кога електронските дигитрони уште не беа измислени.

nasa-presentation-before-powerpoint-1961-2[1]

- Реклама -