Прашања што ме мачат

Slobodna-Volja

Филозофијата навлегува во теми во кои што модерната наука, односно науката генерално, нема храброст да се пушти. Филозофите со векови „пливале во длабокото“, анализирајќи, дебатирајќи и изразувајќи сомнеж практично во сè што постои – од моралот до метафизиката, неретко ставајќи ги под својата лупа на интересирање и некои од основните прашања на постоењето.

Зошто наместо ништо имаме нешто? Дали постои Бог? Кој морален систем е најдобриот? – ова се дел од прашањата што со години ги мачат филозофите, но и сите нас, а на кои очигледно никогаш нема да добиеме конкретен одговор. Сепак, едно од најинтересните неодговорени пашања кои се истражуваат до денес е „Дали поседуваме слободна волја“? Кој го врти тркалото на животот – вие, вашите гени, воспитувањето, судбината, кармата, Бог? Еве неколку гледишта.

the-matrix-red-pill-or-blue-pill

Познато и како детерминистичка дилема, ние всушност не знаеме дали нашите акции се одредени од некој каузален ланец на претходни настани (или некое екстремно влијание), или сме навистина слободни агенти кои носат одлуки на слободна волја.

Ако врз нашите одлуки делува некој непрекинат ланец на влијанија, тогаш детерминистичката теорија е точна и ние не поседуваме слободна волја. Но доколку спротивното е точно, а тоа е она што се нарекува индетерминизам, тогаш нашите одлуки би морале да бидат сугестивни – што некои сепак не го признаваат како слободна волја. Спротивно на ова, либералите, ја воведуваат тезата за „компатибилизмот“ – идеја дека слободната волја е логично компатибилна со детерминистричкиот поглед на универзумот. За нештата да бидат уште позамрсени, последните истражувања на полето на невронауката покажуваат дека нашиот мозок носи одлуки пред да станеме свесни за истите. Но, доколку немаме слободна волја, како тогаш сме успеале да развиеме свест? Квантната механика воведува дополнителни предизвици во оваа проблематика, сугерирајќи дека живееме во свет на веројатности и можности, односно дека детерминизмот во било кој вид е невозможен. Меѓутоа, изгледа дека свеста е нераскинливо поврзана со перцепцијата на протокот на времето и за идејата дека минатото е одредено, фиксирано, а иднината е непозната.

- Реклама -