Претставник на компанијата Тојота потврди дека во 2015 година автомобил со погон на водород ќе биде пуштен во сериско производство.
На семинар во Центарот за автомобилски истражувања во Мичиген, претседателот и извршен директор за продажба во Toyota Motor, Џим Ленц, објави дека компанијата завршува проект со кој се развива автомобил со погон на водород и наскоро ќе бидат прикажани резултататите.
Toyota веќе покажа еден концепт – FCV-R, кој се движи на водород. Колку идниот модел личи на него, треба да почекаме да видиме.
„Моделот е седан, со погон на водород, направени се големи чекори во развојот на ова поле, со што се надеваме дека ќе успеавме да ги намалиме трошоците за производство на вакви возила за околу 90%, што ќе ни овозможи да ги пуштиме на пазарот по прифатлива цена. Се очекува таа цена да биде околу 50.000 долари“.
Извршниот директор на Тојота, Есикихо Масуд, дополни дека автомобилот на водород на компанијата ќе може да помине исто растојание, како и возило со исти перформанси и димензии, со мотор со внатрешно согорување.
Од јапонскиот производител не открија никакви технички карактеристики на идниот седан, но признаа дека тој нема да се разликува којзнае колку од својот најголем конкурент на пазарот Honda FCX Clarity. Ова возило ќе троши три пати помалку гориво во споредба со автомобилите на бензин. Со едно полнење, кое ќе трае само 5 минути, ќе може да помине 385 километри.
Објавено во соработка со Авто Плус.