„Златен павиљон“ е народното
име на едно од величествените архитектонски дела на средновековна
Јапонија. „Храмот во градината на елените“ – како уште го нарекуваат, е
направен во 1397 година да послужи како вила за одмор на шогунот
Ашикага Јошимитсу.
„Златен павиљон“ е народното име на едно од величествените архитектонски дела на средновековна Јапонија. „Храмот во градината на елените“ – како уште го нарекуваат, е направен во 1397 година да послужи како вила за одмор на шогунот Ашикага Јошимитсу.
Подоцна неговиот син ја претворил градбата во Зен храм на Ринзаи школото. Тој претрпел повеќе пожари во својата долгогодишна историја.
Целиот павиљон, освен подот во подрумот е покриен со листови од чисто злато, правејќи го екстремно вреден. Тој функционира како шариден, односно место за чување на реликвиите на Буда. На врвот на павиљонот е поставена златна птица – „Кинескиот феникс“.
Во 1950 храмот бил запален до основа од ментално пореметен калуѓер;фикционализирана верзија на настаните може да прочитате во книгата на Јукио Мишима The Temple of the Golden Pavilion.
Денешната структура датира од 1950 година.