Според извештајот „Обновливи извори на енергија 2016“ на „Мрежата за политика за обновлива енергија во 21-ви век“, во рекордната 2015-та година, на инвестиции во секторот за обновлива енергија и горива вкупно се потрошени 196.5 милијарди фунти.
Од целата таа сума, која не ги вклучува големите проекти за хидроелектричните централи и технологиите за ладење и греење, над 107 милијарди отпаѓаат на земјите во развој, како Кина, Индија и Бразил.
Ова е прв пат инвестициите во обновливите извори на енергија да се поголеми кај најсиромашните земји во светот, отколку во најбогатите.
Од „Пријатели на Земјата“ посочуваат дека е „срамно“ далеку посиромашните држави да имаат повеќе средства од Велика Британија, во случајов, и ја обвинија владата дека не создава правилна средина за инвестиции во обновливи извори на енергија.