Бекам пати од опсесивно-компулсивно пореметување

david-beckhamФудбалскиот полу-бог и
модна икона Дејвид Бекам ја откри тајната за неговата вечна
перфекција:тој пати од опсесивно-компулсивно пореметување(obsessive compulsive disorder).


beckham3_g Фудбалскиот полу-бог и модна икона Дејвид Бекам ја откри тајната за неговата вечна перфекција:тој пати од опсесивно-компулсивно пореметување(obsessive compulsive disorder).

Во телевизиско интервју кое беше емитувано деновиве, тој изјави дека отсекогаш ги редел пијалоците во фрижидерот и ги преуредувал своите хотелски соби. Англискиот капитен исто така признава дека е навлечен на тетоважи, делумно поради тоа што ужива во болката и вели дека не може да ги разбие повторувачките шаблони на однесување што го карактеризираат ова пореметување.

„Би сакал. Пробав и неможам да запрам.“ – изјави за The Independent.

Неговата жена Викторија изгледа дека нема некакви посебни симпатии кон својот сопруг, па во една прилика го нарече „чукнат“.

„Имаме 3 фрижидери дома: еден за храна, еден за салата и третиот за пијалоци. Ако ги отворите, се е симетрично. Ако има три конзерви, тој ќе фрли една бидејќи се треба да е во парен број.“ – тврди Викторија.

Бекам им се придружува на растечката листа на славни личности кои патат од ова пореметување, вклучувајќи ги тука Били Боб Торнтон и Натали Апелтон.

- Реклама -