Бимилк го одбележа 1 јуни – Светскиот ден на млекото

bimilk2

3.000 литри Битолскo млеко за децата во СОС Детско село

 

Бимилк го одбележа 1 јуни, Светскиот ден на млекото, со донација на 3.000 литри Битолско млеко за децата кои се под грижа на хуманитарната организација СОС Детско село Македонија.

Оваа количина млеко, коjа ги задоволува дневните потреби за млеко на 60 деца згрижени во семејствата во СОС Детско село, ќе биде испорачана во текот на една година а првата испорака е веќе направена.

Хуманиот гест е поддршка на една од најранливите општествени групи во Македонија, децата без родители и децата кои живеат во социјално загрозени семејства.

“Светскиот ден на млекото е одличен повод за да ја објавиме соработката со СОС Детско село. Како општествено одговорна компанија постојано се стремиме да го поддржиме и  разубавиме секојдневието на дечињата на кои им е секогаш потребна помош. Со нашата донација децата добиваат еден од основните продукти за здрав и правилен раст и развој, а нивните насмевки се наша радост и дополнителна мотивација.” – изјави Полескена Ристеска, маркетинг менаџер во Бимилк.

„ Нашето функционирање се обезбедува благодарение на донации од пријатели и поддржувачи на СОС Детско село. Секоја донација претставува придонес кон семејниот буџет и е од голема важност за подобрување на квалитетот на живеење на децата од СОС Детско село Скопје.

bimilk1

Донацијата на Бимилк е добредојдена за остварување на еден многу важен и основен сегмент од исхраната на овие деца и млади луѓе, потребата од млеко и млечни производи. Доброто млеко е основа за одлично здравје на младите, тоа игра важна улога во здравиот развој и затоа сум сигурна дека со квалитетот на млекото од оваа донација на пријателите од Бимилк ќе се придонесе за подобро здравје, а со тоа и голем број среќни насмевки“ – изјави Виолета Георгиевска, Директор на СОС Детското село Скопје.

Традиционално повеќе години по ред, Бимилк како општествено одговорна компанија го одбележува Светскот ден на млекото со донации на своите производи на оние на кои им се најпотребни.

- Реклама -