Голем број луѓе се решаваат своите приватни фотографии и видеа да ги подигнат на он-лајн сервис, како што е Photobucket, затоа што постои едноставна опција за заштита со лозинка. Но, секоја заштита со себе повлекува и неколку начини за заобиколување…
Дупката во системот на Photobucket лежи во тоа што иако одделни албуми од профилите на корисниците се заштитени со лозинка, секој што ја има директната урл може да пристапи и да ги гледа. Уште поголем проблем е фактот што адресите за фото фајловите завршуваат со имињата на фотографиите, т.е. нешто што воопшто не е тешко да се погоди, особено за најголемиот процент корисници кои не ги менуваат имињата што се добиваат од фотоапаратите и мобилните телефони.
Со процесот наречен fusking биле украдени илјадници приватини фотографии од овој сервис и моментално се споделуваат на саб-редиот Photobucketplander (не е препорачливо за лица под 18 години, ниту за гледање во канцеларија!), а нивната содржина се движи од провокативни пози, преку разголени гради, па сè до хард-кор порнографија, вклучително и видеа од приватните колекции.