Планината Рораима се наоѓа на границата меѓу Венецуела, Бразил и Гвајана, а е една од најстарите формации на Земјата – стара е околу 2 милијарди години.
Рораима едно од оние ретко уникатни места на планетата, а е позната и како највисоката рамна планина во светот, со височина од 2810 метри.
Од ова неверојатно место извираат притоките на три од најголемите реки на Јужна Америка – Амазон, Ориноко и Есекибо. Според индијанските легенди, Рораима е „мајка на сите води“ и дом на божицата Квин – „прародителка на целото човештво“.
Тоа е земја на тропски савани, реки и водопади, егзотични цвеќиња, кристално чисти езера и розови песоци. Многу од растенијата и животните таму се ендемични видови.
Истиов овој праисториски пејзаж бил и инспирација за Артур Конан Дојл да го напише романот „Изгубениот свет“.