Дизелот не е веќе толку популарен во Европа

701_Dizel-470-1[1]

Неколкуте недоследности со дизел моторите на некои од светските производители, како и манипулацијата со софтверите за емисија на гасовите и со потрошувачката влијае на реализација на автомобили со вакви агрегати во Европа.

dizel2

Во последните месеци драстично се намалува продажбата на овие автомобили, односно возилата со погон на дизел веќе не се бестселери во Европа, покажуваат податоците на LMC Automotive. Соред нивната статистика последните години пазарниот удел на дизел автомобили во Европа беше повисок од 50 отсто. Во периодот јануари-април уделот на овие возила е намален за 2,2%, за месец април тој е под оваа бариера и изнесува 49,7%, или за 3,1% под нивоата во април 2015 година. Според информациите на LMC Automotive приврзаниците на дизел автомобили се насочени кон хибриди и електрични возила. Најзначителен пад се забележува во продажбата на субкомпактни модели, компактни хечбеци и миниванови.

dizel3

Експертите тврдат дека овој тренд ќе се задржи и во иднина, а најзасегнати ќе бидат токму компактните дизел модели. Сè поекономските и еколошки бензински и хибридни агрегати лесно ќе ги симнат од лидерските позиции на пазарот поскапите и повеќе штетни за животната средина дизел модели, прогнозираат аналитичарите.

Автоплус

- Реклама -