Што остана по евакуацијата во Идомени

idomeni-refugee-camp-evacuated-photos-876-body-image-1464353237-size_1000

На грчката полиција ѝ требаа три дена за комплетно да го евакуира најголемиот импровизиран бегалски камп во Европа, тој во Идомени, на грчката страна од границата со нашиот јужен сосед. Со месеци, околу 13.000 луѓе беа заглавени таму, во надеж дека ќе ја поминат границата и ќе почнат нов живот во Европа. Според грчката државна агенција за вести, последните 783 бегалци кои останаа во Идомени до четвртокот напладне, биле качени во 18 автобуси и пренесени во организирани засолништа во близина на Солун.

idomeni-refugee-camp-evacuated-photos-876-571-1464353264

Во Идомени, по евакуацијата се слушаше само вревата на камионите кои се обидуваа да го расчистат тоа што остана од кампот. Низ целата област беа расфрлани шатори, тенџериња со храна, кукли и играчки прекриени со прав, детски цртежи и инвалидски колички.

idomeni-refugee-camp-evacuated-photos-876-body-image-1464353155-size_1000

По комплетирањето на евакуацијата во четвртокот, одново беше отворена железничката линија Белград – Солун. Според грчкиот економски весник Нафтемпорики, затворањето на станицата во Идомени во последните 70 дена ја чинела грчката железница околу 2.5 милиони евра.

idomeni-refugee-camp-evacuated-photos-876-841-1464353277

Во 2015-та, повеќе од 800.000 бегалци и имигранти поминаа низ Идомени, следејќи ја таканаречената „Балканска Рута“ кон централна Европа. Границите беа затворени кон средината на март, а илјадници луѓе останаа заглавени на грчката страна. Идомени – грчкото село со околу 150 жители – стана симбол на бегалската драма на Балканот и во Европа.

За време на тридневната евакуација, 3.817 бегалци биле однесени со автобуси. Но, минатиот понеделник – еден ден пред стартот на евакуацијата, грчката влада изјави дека околу 8.500 бегалци отседнуваат во Идомени. Тоа значи дека околу 5000 луѓе или самостојно заминале, или се сокриле некаде во близина на границата, надевајќи се дека ќе најдат начин илегално да ја преминат.

idomeni-refugee-camp-evacuated-photos-876-body-image-1464353251-size_1000 Doctors Without Borders го искритикува присилниот трансфер од Идомени во организираните кампови, истакнувајќи дека имало генерален недостиг од информација и дека на нивните работници не им било дозволено да им пружат хуманитарна помош на бегалците.

idomeni-refugee-camp-evacuated-photos-876-922-1464353279 idomeni-refugee-camp-evacuated-photos-876-915-1464353270 idomeni-refugee-camp-evacuated-photos-876-894-1464353273 idomeni-refugee-camp-evacuated-photos-876-870-1464353269
idomeni-refugee-camp-evacuated-photos-876-838-1464353269 idomeni-refugee-camp-evacuated-photos-876-834-1464353278 idomeni-refugee-camp-evacuated-photos-876-709-1464353277 idomeni-refugee-camp-evacuated-photos-876-694-1464353267 idomeni-refugee-camp-evacuated-photos-876-657-1464353275 idomeni-refugee-camp-evacuated-photos-876-390-1464353265 idomeni-refugee-camp-evacuated-photos-876-284-1464353266 idomeni-refugee-camp-evacuated-photos-876-253-1464353276 idomeni-refugee-camp-evacuated-photos-876-219-1464353274 idomeni-refugee-camp-evacuated-photos-876-108-1464353268

- Реклама -