Актерката од филмот Lost in Translation – Скарлет Јохансон е прогласена за најсекси жена во светот според новата анкета во машкото списание FHM.
Актерката од филмот Lost in Translation – Скарлет Јохансон е прогласена за најсекси жена во светот според новата анкета во машкото списание FHM.
Читателите гласаа за неа далеку повеќе отколку за минатогодишната број 1 – Анџелина Џоли. На второто и третото место се најдоа две Џесики – Џесика Алба и Џесика Симпсон. Поласканата Јохансон изјави: „Една од најдобрите работи за жена е да чуе дека е секси. Би сакалa да им се заблагодарам на читателите на FHM за огромниот комплимент.“
Позади неа се најдоа актерката номинирана за оскар – Кеира Најтли, како и Хали Бери која влезе во првите 10.
Галерија слики на Скарлет Јохансон овде.