Најважното околу логото на еден бренд е да го запаметиш толку добро што ќе знаеш да го опишеш и ако те прашаат во сон. По можност, уште подобро е кога на брендот те асоцираат одредени комбинации од бои кои случајно ги сретнуваш во секојдневниот живот, за што, се разбира, пак е најзаслужно логото. Токму во едната, другата или и двете насоки, брендовите и ги менуваат своите заштитни симболи. Овие промени не се чести (сепак треба да ги запаметиме, нели), а се и повеќе од добро промислени. Еве како еволуираа заштитните симболи на дел од најпознатите глобални брендови: