NHTSA, американското биро за безбедност на патиштата, објави дека има намера да става кукли и на задните седишта за испитување и тестирање на автомобилите при краш-тестовите.
Иако тестовите на агенцијата се факт повеќе од десетици години, досега цело време тие се занимавале со безбедноста на патниците напред, како и на пешаците, но не и на оние кои седат на задната клупа од автомобилите. Тоа ќе се промени од 2019 година, а главната причина е присуството на повеќе програми за споделување на автомобили кои укажуваат на поголеми оптоварувања на задните седишта.
Bloomberg наведува дека безбедноста на возилата позади е на доста ниско ниво во моментов, наведувајки повеќе примери за тоа. Меѓу најважната работа е фактот на дејствувањето на предните седишта врз патниците од позади, кога тие се деформираат, но постојат уште многу елементи, па затоа овој потег од NHTSA.