Една од три жени страдаат од посттрауматски стрес, состојба од која страдаат војници и жртви на терористички напади, набрзо по пораѓањето.
Според неколку истражувања, десетици илјади жени можеби страдаат од оваа состојба. Најчестите симптоми се непријатни спомени од пораѓањето, избегнување на разговори на таа тема или дури и физички реакции како нерегуларен срцев ритам и често губење на желбата за други деца.
Научниците од Израел кои го спровеле ова истражување велат дека обележувањето на пораѓањето како причина за посттрауматски стрес е контроверзно но за нив „неоспорно“ бидејќи може да предизвика „силен страв, чувство на беспомошност и ужас“.
Посттрауматскиот стрес е дефиниран како резултат на „искусување, сведочење или соочување на настан или настани кои содржат смрт или сериозна повреда или претставува закана за својот или физичкиот интегритет на луѓето околу вас“.
Научниците интервјуирале 89 жени по пораѓање. Од анкетираните 3,4 проценти искусиле посттрауматски стрес, 7,8 проценти ги имале „речиси сите“ симптоми а 25,9 проценти покажале „значителни“ симптоми минимум еден месец по пораѓањето. Главната причина била болката но и стравот од сериозни или фатални компликации за нив или нивните деца.
Професорот Раел Строус од Тел Авив Универзитетот вели дека неудобноста предизвикана од долг период без облека има изненадувачки силно влијание и била спомната од четири од секои пет жени кои страдале од посттрауматски стрес. [1 in 3 post-partum women suffers PTSD symptoms after giving birth]