Светската економска криза е виновна за 500.000 смртни случаи од рак

BF-AF748_14less_P_20130913161351[1]

Според најновото истражување, светската економска криза од 2008 година предизвикала околу 500 илјади смртни случаи во светот предизвикани од рак.

Се покажува дека загубата на работни места и намалувањето на здравствените буџети во голем број земји, ги спречиле луѓето да добијат рана дијагноза и да бидат третирани од лесно-лечивите (кога се во рана фаза) типови на рак, како рак на простата, дојка или на дебелото црево, пренесува Voice of America.

Според авторот на истражувањето – Махибен Марутхапу од националната здравствена каса на Велика Британија, еден од заклучоците на истражувањето е дека намалувањето на здравствените буџети чини човечки животи. „Ако здравствените системи се соочуваат со намалување на средствата, ова треба да биде комбинирано со подобрување на ефикасноста, за да може пациентите да ја добиваат истата грижа независно од економската положба или од работниот статус”, истакнува тој.

Друг заклучок е и дека врската помеѓу зголемувањето на смртноста од ракот и невработеноста исчезнува при воведувањето на сеопшт здравствен систем.

- Реклама -