Скапо е да си модерен демонстрант

Замислете модна или технолошка компанија што се бави со дизајнирање на облека/опрема која овозможува приватност и енкрипција. Е па баш таква е Backlash, која создава опрема и „функционални направи дизајнирани за сите идни протести и побуни“.

Творци на колекцијата се дизајнерот и едукатор од Бруклин – Ксуеди Чен и бразилскиот уметнички директор и интерактивен дизајнер – Педро Оливиера. Backlash опремата содржи сé, почнувајќи од паметни бандани во кои има вградено мобилно „копче за паника“. Колекцијата е инспирирана од низа неодамнешни протести: од „Арапската пролет“ и „Окупирај го Волстрит“, до „Гези Парк“, „Египетската револуција“ и други.

ПАМЕТНА БАНДАНА 

ova-oprema-demonstrantima-pruza-oruzje-anonimnosti-i-enkripcije-body-image-1464006400[1]

Паметната бандана, на пример, е настаната врз основа на обичајот демонстрантите да носат марами за да го заштитат својот идентитет (од домашен притвор, да речеме). Деталите се инспирирани од шарите кои можат да се видат на арапските марами кои мажите ги носат на Блискиот Исток (како на Јасер Арафат), а Чен и Оливиера ја доживуваат како симбол на активизмот. Овој тип марами се одбрани и затоа што можат да се превијат на повеќе начини и во повеќе облици, а тоа им овозможува на луѓето да „дешифрираат“ разни пораки.

„Кога е во прашање вградувањето на пораки, размислувавме за тоа како да пораката да биде пратена ама другите луѓе да не знаат што е тоа што се пренесува. Тоа е некаков вид криење на отворено“, вели Чен. „Луѓето кои знаат можат да ја дешифрираат пораката на лице место, или на другата страна на планетата преку фотографија“.

Во самата шара на банданата нема конкретна содржина, таа повеќе функционира како јавен клуч (во електронската комуникација, ако двајца разменуваат пораки, тие праќаат пораки преку јавен клуч – што генерално претставува шифрирани глупости – а кои можат да бидат отворени само преку приватен клуч). „Ова е само прототип, концепт. Но сметаме дека во блиска иднина луѓето ова ќе можат да го генерираат преку софтвер и печатени шаблони, принтови, или дури и да ги плетат“.

КОПЧЕ ЗА УЗБУНА 

ova-oprema-demonstrantima-pruza-oruzje-anonimnosti-i-enkripcije-body-image-1464006510[1]

Џебното „копче за узбуна“ е одгоор на честата полициска пракса која се нарекува „тесно грло“. За време на протестите, полицијата има обичај да ги затвора споредните улици и да ги насочува луѓето во затворени простори каде може да ги уапси (или да ги претепа). Уредов на Чен и Оливиера ги предупредува луѓето на безбедните рути и на тој начин им помага да го избегнат полициското грло.

Уредот е направен и хадрверски и софтверски за да не зависи од управување со смартфон или преку мобилната мрежа. Уредите креираат сопствена мрежа, а имаат и дупли канали, за во случај властите да блокираат некои од каналите за комуникација.

РУТЕР 

ova-oprema-demonstrantima-pruza-oruzje-anonimnosti-i-enkripcije-body-image-1464006772[1]

Backlash опремата содржи и рутер инспириран од mesh мрежите, ad hoc мрежи кои настануваат кога рутерите комуницираат меѓусебно, преку wi-fi или bluetooth радио бранови.

„Поголемиот дел од постоечките решенија за „меш“ мрежите се фокусирани на софтверот“, вели Чен. „Ние, наместо тоа, сакавме да експериментираме со хардвер, така што направивме нешто што работи на батерии и брзо реагира во итни ситуации. Исто така, експериментиравме и со додавање на крипто-чип кој може да се користи за VPN конекција и тунели“.

ДРАЈВ 

ova-oprema-demonstrantima-pruza-oruzje-anonimnosti-i-enkripcije-body-image-1464006865[1]

Драјв е лична црна кутија која овозможува луѓето да аплоудираат снимки, фотографии и останати информации во енкриптиран „облак“. Овој додаток доаѓа како одговор на конфискацијата на лаптопи и камери во последните денови од окупацијата на Зукоти Парк, а и полициската тактика употребена против демонстрантите во Бразил, кога им ги кршеа камерите.

Прочитајте и:  Тензично пред Народниот театар во Софија: Претставата на Малкович го исмејува бугарскиот народ

„Идејата е од црната кутија на авионите, па направивме уред кој бележи сé“, вели Чен. „Секоја црна кутија создава hotspot со чија помош и до 30 луѓе можат да ги прикачат своите фотографии. Таа ги отстранува сите мета-податоци од фотографиите, така што сé е анонимно, овозможува безбедно аплоадирање и не инкриминира никого.

СПРЕЈ-ШАБЛОН

ova-oprema-demonstrantima-pruza-oruzje-anonimnosti-i-enkripcije-body-image-1464006982[1]

Спреј-шаблон опремата работи на истиот технолошки принцип како и банданата, но во друга ситуација. Инспириран од старата пракса наречена „warchalking“ – обележување на wi-fi хотспотовите во урбаните средини – шаблонот им овозможува на демонстрантите да го прават баш тоа, да цртаат шаблони на одредени ќошиња на улиците и на тој начин да ги предупредат луѓето на областите што се под интензивен надзор или да ги исклучат телефоните доколку во близина се користат уреди за прислушкување (уредите Stingray, на пример, полицијата ги користи за да ги имитира базните станици, насочувајќи ја локалната комуникација на себе, за да може да ја прислушкува).

БЛОКАТОР (The Jammer) 

ova-oprema-demonstrantima-pruza-oruzje-anonimnosti-i-enkripcije-body-image-1464007063[1]

The Jammer е личен краткометражен блокатор кој може да се закачи околу вратот или привезокот за клучеви. Со него, корисниците можат да ја блокираат сета надворешна комуникација до својот телефон, но и понатаму имаат пристап до камерата и останатите опции, без да се грижат за тоа дали личните податоци – како што се локацијата и времето – некој ќе ги собере и употреби против нив. Поентата на ова е фактот што и кога телефонот е на airplane mode, не значи дека сите радио бранови се исклучени и не се емитуваат. Згора на тоа, преку фабрички подесувања можно е да се вметне и некаков вид на „мамка“.

***

ova-oprema-demonstrantima-pruza-oruzje-anonimnosti-i-enkripcije-body-image-1464006335[1]

Чен инсистира дека момците зад Backlash немаат политичка агенда, туку само сакаат да докажат дека технологијата на протестите и нередите може да вклучува многу повеќе од четувањето и друштвените мрежи. Колку е нивната опрема ефикасна и дали нема по „лоу-тек“ методи што можат да го постигнат истиот ефект е тема на која треба да се разговара, особено што ваква хај-тек опрема сигурно ќе чини многу пари, а сигурно дека ќе ја набави и полицијата и ќе инфилтрира луѓе меѓу демонстрантите за да ги намамат кон нивните уреди. Сепак, главната поента на Чен и Оливиера е следната:

„Сметаме дека јазот во нивото на достапност на технологиите меѓу властите и демонстрантите е огромен и потполно нееднаков“. На пример, најголем број на употребено несмртоносно оружје и солзавец против цивили беше употребено на протестите во Турција. Од друга страна, најголем производител на солзавец и пепер-спреј е фабриката во Рио, Бразил. Ја гледате поврзаноста? „Ова е сјаен пример за тоа како е светот поврзан. Мислиме дека е важно овој разговор да биде покренат, а Backlash има начин како тоа да го направи“. И ете, и без да знаеме како се снаоѓа на терен, колекцијата на Чен и Оливиера веќе нé тера да размислуваме за важни прашања.

- Реклама -