Во 90% од статиите со наслов „бла бла бла идеи за мали станчиња“, малите „станчиња“ се станови со површина од 100-150 метри квадратни. Еве еден иновативен дизајнер кој очигледно на своја кожа видел што значи да живееш во гарсоњера.
Името му е Џонга Чои, а доаѓа од From 2D to 3D. Ете го и хинтот за тоа што е неговиот рецепт за успешност: претворање на секундарниот мебел од дводимензионален во тридимензионален.