Зошто луѓето признаваат сериозни криминали што не ги извршиле

Нема полиција што ќе признае дека е погрешна генералната препоставка при испрашувањата, дека невините луѓе никогаш не признаваат криминални дела што не ги направиле. Но, всушност, лажните признанија се прилично чести. Доказот за тоа е што такви случаи почнаа сé почесто да излегуваат на виделина во 1990-тите, кога беше развиена ДНК анализата и покажа дека многу од осудените криминалци – од кои многумина го имаа признаено делото – се всушност невини. Оттогаш, истражувачите ги класифицираат лажните признанија во три категории. Некои луѓе признаваат доброволно, со цел да привлечат внимание. Други признаваат за да го задоволат агресивниот инспектор, во очајна желба да стават крај на испрашувањето (наречени „согласни“ признанија). Третите, пак, понудуваат „интернализирани“ лажни признанија: при процесот на испрашување, на момент и самите стануваат убедени дека се виновни.

Еве неколку прочуени примери на само-инкриминација, кои патем имаат инспирирано и некои филмови.

Тип: Доброволно
Пример: Признанијата околу Black Dahlia

danielВо јануари 1947-ма, телото на 22-годишната Елизабет Шорт беше најдено на празен паркинг во Лос Анџелес, внимателно поставено и пресечено на половината. Новинарите ја нарекоа „Black Dahlia“, а случајот доби големо јавно внимание, при што имаше и многу необичности. Проценките велат дека меѓу десетици и стотици луѓе лажно признале дека ја убиле девојката, меѓу кои и Даниел С. Вурхис. Некои од овие луѓе не можеле ниту да ја идентификуваат жртвата Шорт во серија од фотографии. Полицијата никогаш не го реши случајот, со што тој стана еден од најпознатите нерешени случаи во Лос Анџелес.

Tип: Согласно
Пример: Петтемина од Централ Парк

UNITED STATES - CIRCA 2000:  Yusef Salaam, accused rapist of a Central Park jogger, enters the Manhattan Supreme Court for deliberations.  (Photo by Clarence Davis/NY Daily News Archive via Getty Images)

По силувањето на жена што џогираше во Централ Парк во 1989, пет тинејџери од црна раса беа обвинети и испрашувани од 14 до 30 часа, секој посебно. Признаа, но потоа го отфрлија признанието, велејќи дека се предале само за да го завршат долгиот распит. Дури во 2002 година, сериски силувач го призна делото, а ДНК анализата го потврди неговото признание. Ослободените пет „тинејџери“ се спогодија на 41 милиони долари отштета со градот Њујорк, а нивниот случај инспираше куп книги и низа филмови.

ТИП: Интернализирани
Пример: Питер Рајли 

Feb. 24, 2012 - Peter Reilly: This Picture was taken the weekend after he was convicted of manslaughter.He went fishing in the B

Откако 18-годишниот Питер Рајли пријави дека ја нашол мајка си мртва во нивниот дом една вечер во 1973 година, тој стана главниот осомничен за нејзиното убиство. Мислејќи дека нема што да крие од полицијата, Рајли доброволно прифати да биде ставен на детектор за лаги. Инспекторите му рекоа дека не го поминал полиграфскиот тест (а го помина), а потоа успеаја и да го убедат во сопствената вина. По неколкучасовно испрашување, Рајли потпиша целосно признание. („Се сеќавам како ѝ го пресеков грлото на мајка ми со остар брич кој го користев за правење на макети на авиони“). Рајли заврши во затвор, но беше ослободен откако се појавија нови докази кои докажаа дека неговата приказна не се совпаѓа со времето на смртта на неговата мајка. Сагата на Рајли го инспирираше ТВ филмот „A Death in Canaan“.

- Реклама -