Животот на еден клептоман

klepto

Во Ватикан, по кој знае кој пат гледам во фреските и светците, а во исто време чекам позлатеното пенкало од 34 долари да се лизне низ ракавот низ скинатата постава на мојата јакна. Кога ќе стигне до преполните џебови, ќе го постигне тоталот за оваа тура на некои 143 долари против-вредност на католичките џиџи-миџи. Туристичките сувенирчиња за дадилките кои се палат на папата, за калуѓерките во обид и за мастурбаторите во покајание. Сите овие симболи најчесто се само: „Гледаш дека сум бил во катедралата на Свети Петар“.

Додека заминувам, и климам со глава на калуѓерката зад пултот во знак на поздрав.

Клептоманијата ми беше дијагностицирана кратко време по серија други дијагнози кои ми го формирале идентитетот: хронична депресија, анксиозност од општ тип, биполарно пореметување на личноста, хронична болка, итн. Од сите тие аспекти на килавиот мозок, потребата за ситни кражби секогаш ми се чинела најмалку проблематична. Крадам од најраната младост. Некогаш имав чувство на вина, но по пубертетот, веќе ни тоа.

Многу клептомани зборуваат за тоа како тие се навлекле на возбудата што оди со крадењето. Ова нарушување често се поврзува со хронична депресија, механизам за бегање од апатија. Нема сомнеж дека ова е еден од факторите, како и со било која ментална болест. За мене, крадењето било егзотична вештина која сакав да ја усовршам, да си докажам себе си дека сум жив.

Оливер Твист имаше  влијание врз мене, го прочитав на осум годишна возраст – книгите ме уништија! Сакав да бидам како Доџер, како лукавиот Фејген. „ Pickpocket“, ремек-дело на Роберт Бресон, започнува со темелна анализа на вештини и агилност потребни за кражба. Чинот на незабележителното одземање на имотот е од илузорна природа, и обезбедува необично чувство на реализирање.

Знам, сега мислите дека се обидувам инелектуално да го оправдам криминалот. Длабокото задоволство произлегува од чувството дека се прави нешто недозволено. Моите нервни патеки излитени од депресија и нервоза ги стимулира единствено крадењето. Задоволството не е само суета, туку е конкретно физичко чувство, некаков трепет, пецкање кое е тешко да се опише, а уште потешко да се стимулира.

Многу ме фрустрираат негативните реакции на луѓе кои знаат дека џепарам. Најчесто изјавуваат нешто како. „Ќе си го уништиш животот, што ако те фатат?“ Но, се` уште не ме фатиле, а освен тоа, предност кај хроничните ментални болести е во тоа што тие ти дозволуваат да го игнорираш ризикот. Не ни помислувам на последиците од евентуалниот неуспех.

Плус, своите жртви ги избирам внимателно. Уште пред да се стабилизирам со помош на лекови, ги следев правилата. Никогаш не кради од пријатели, од приватни лица, обичните луѓе, никогаш уникатни работи со сентиментална вредност. Но затоа, кога ќе се најдам на аеродром или во некоја институција, како да сум пуштен од синџир.

Од едно казино украдов комбе полно со перници од едноставна комбинација на инает и здодевност. Само ги истурав преку оградата во моето скапано Мицубиши. Мајка ми ги сака овие перничиња, јас го мразам тоа казино, совршено се совпаѓа. Едно време крадев саксии со растенија од баровите и рестораните. Имам пристојна колекција на различни украсни растенија со потекло од најлуксузните угостителски објекти .

klepto2

Благодарение на други ментални болести, не чувствувам вина во голема мера. Вина. Кога човек е во постојана состојба на анксиозност, тешко му е дополнително да се нервира размислувајќи: „Ух, можеби не требаше да ги украдам сите футроли за телефони од Dick Smith, леле, нема белки да ги затворат поради мене.

Од септември, стигнав да украдам стока во вредност од 426 долари од продавница за канцелариска опрема (главно италијански луксузни роковници, вределе 50 долари парче, ќе си го прашам!). Во телефонот детално бележам се` што земам – од каде и по која цена. На неодамнешното патување низ Европа, украдов вода и сендвичи од аеродромот во вредност од 94 долари, сувенири од музејските продавници во вредност од 255 долари, вода во шишиња во вредност од 36 долари.

Крадев од католичката црква, но рачунам дека со тоа само ги наплатувам даночните долари отидени на истрагите за педофилијакоја толку долго е сокривана од јавноста. Подобро парите да завршат во мојот џеб отколку на сметка на адвокатите што го бранат кардиналот Пел. Впрочем, зарем не е вистина дека црквата е милостива и дека таа простува?

- Реклама -