НАЦИОНАЛНА АРЕНА И ВЛЕЧКИТЕ ЛАЈНАРКИ

фк работнички фк шкендија финале куп 2016 (23)Патриотите го изиграа Александровото оро. Балистите ја исвиркаа македонската химна и кршеа се што им дојде под рака на нашата национална арена. Оние првите измислија некој си нов миксиран фолк профил, играорците да бидат облечени со капи од Фалангата и бради комитски. Грото од оние вторине кењаат по кенефи со влечки од ЧИК Куманово и носат ципели врз тренерки и кожни јакни. Кој е тука пооригинален пријателчиња?
Нивната рамка останува како стандарт и бренд на нашата заедничка и мултиетничка посеротина. Нивниот код го штитат и со интелект и со примитивизам. Ние се поништивме на секаков начин. И со либерализам и со некој изглумен космополитизам и со некои нови јунаци на кои во последно време им ги чистиме мудата бронзени. По оригинална работа  е нашата национална влечка лајнарка, отколку сокриените муда на Прометеј и апстрактната барок аристократија која и се продава на оваа багра неука.

А националната арена си има славно име. Името и е славно а нејзината суштина никаква. Како и државата ни наша. На националната арена фудбал се игра пред 2-3000 гледачи, ќотеци се делат по Комити и Војводи, а Балисти, Шверцери и остала банда вртат шота и им се удоволува демократското право да кршат се и сешто. Да се викаше арената Адем Јашари, немаше да ја кршат така секако. Е тука е поентата пријателчиња. Они знаат да си ги почитуваат своите имиња. Ние ги вадиме само кога мавтаме со голиот патриотизам да му се додвориме на партискиот шут. За тоа кои сме и што сме, одамна не заболе. Нашите деца со пукнати глави и кривични пријави си доаѓаат дома. Се молчи и ќе се молчи во име на некаков си ,,соживотот”. Тоа Илчовците, Груевците, Гдомците и Шарените, нема воопшто да го споменат.Ги заболе!

И никој овде нема да побара да се појави револуционерен лик ко Нелсон Мандела. Ние во својата земја станавме заробеници на некои си нови англо-фони кои немаат ни малку англиски манири и култура. Ако оние кои врзуваат заеднички знамиња ве убедуваат дека тука е можен некаков си соживот, ја ве уверувам дека тука такво нешто не е можно. Нивните приказни за такви гомнарии се финансирани да ја продаваат таквата приказна која на терен не постои. Реалноста е сосема друга. Беса и ветераните на УЧК и натаму ќе тролаат за дискриминираните Албанци, упорно ќе ја тролаат својата национална песна, додека ние се обезличуваме у некаква си граЏанска фела која има некои си, демек широки и европски сваќања. Можеа бар од нивните високо цивилизирани собири да фрлат еден збор на осуда за исвирканата македонска химна. Ќе беше многу поискрено отколку ова нивно молчење и глумење приказна дека тука Македонците и Албанците кој знае колку се сакаат.

Национални агенди, национални арени не се праат доколку на објектите им дадеш имиња на некои славни историски ликови и доколку им дадеш префикс дека се национални. У времето кога арената Филип втори беше ,,ГРАДСКИ”, таа беше многу повеличенствена. Не беше здание за финале на Европски куп но имаше народ. Со воен оркестар ја поздравувавме националната химна и  СТАРА ГАРДА навивачи  спортски и достоинствено го бодреа својот клуб и репрезентација. Сега, откако успеавте да ги избркате правите навивачи со вашите ќотеци и казни, ебавајте се и кршете глава со оние кои ја мочаат Македонија. Гумената лајнарка нека го избрише трагот на она славно време кога душата ја остававме на нашиот стадион. И за својот клуб и за својата земја! Илчо и неговите школски другари тоа нема да го сконтаат. Оние и понатаму со бетонирана насмевка ќе го делат пехарот на победникот додека во позадина зјаат празни трибини и трибини со орли и мапи од Голема Албанија.

Пред да го завршам овој текст, ќе се навратам на моето прво влегување на стадионот покрај Вардар. Беше Недела и со татко ми бевме да ги гледаме Вардар и Динамо Загреб. Имаше редици од народ а од надвор се гледаа полните трибини. Срцето ми играше од возбуда и нозете ми трчаа за да влезам внатре. Сега кога малиот мој стапна со мене на стадион, му го видов празниот сјај во очите. Се натажив зошто не успеа да го осети оној магичен момент на навивачкиот ек. А тоа се вбризгува од најмали години. Ќе го оставам тоа за некои други времиња, доколку воопшто дојдат. Овие сега, се лош пример и лош момент да се засака било што. Мртвило кое ме става во дилема, дали вреди да се внесува во нешто што сме го имале и сме го загубиле, или да погледне малку преку нашите граници. Таму да си ги побара своите нови големини. Ја сум веќе загазен да менувам било што кај себе. Но децата допрва треба да проодат. Оваа држава е се помалку такво место….

НАПИША: БУЛЕВАРКО

- Реклама -