Македонецот што прави бурек со „Еурокрем“ и „Плазма“

b3134dca600f36cb250f63ed5ffce697[1]

Не е алва, ама исто брзо се продава. Бурек е, ама не со месо, спанаќ или со сирење, туку со „Еурокрем“ и „Плазма“. Во Белград е прав хит, а од пекарата се фалат дека продаваат и по 15 тепсии на ден.

Газдарица на пекарата е 27-годишната Мара. За новинарите на српски „Блиц“ раскажува дека обичниот бурек ѝ бил досаден и сакала да има уникатна пекара (парафразираме). И така стигнала до идејата за слаткиот бурек, кој како и секоја светска иновација, прво наидувал на негодување и филозофски расправи за тоа дали бурек со еурокрем и кекси може воопшто да се нарече бурек; ама после го пробале неколку ученици и…

11781707_10207812191845516_8508811558410319148_n[1]

Добар бурек далеку се слуша, па сега го купуваат сите генерации, а се случува и да доаѓаат деца само за да прашаат дали може да видат како изгледа. Често се случува пекарата да не може ни да постигне да направи доволно пити за да ја задоволи побарувачката, што не беше случај пред 4 месеци кога почнаа да го продаваат слаткиот бурек.

burek%20so%20eurokrem[1]

И додека Мара го срка кајмакот од целата работа, можеби подеднакво важен херој е и бурек-мајсторот кој го прави стриктно рачно и без никакви адитиви, а е Македонец.

Четврт бурек – 75 денари.

- Реклама -