Беа изградени во 1960-тите и 1970-тите под капата на Тито, за да потсетуваат на битките што се водеа во Втората светска војна на овие простори. По распадот на Југославија, многу од нив се оставени сами и напуштени, и човек што не го знае нивното потекло би можел да помисли дека се остатоци од некоја далечна футуристичка цивилизација која во меѓувреме решила да замине.