Британската кралска легија ја започна кампањата #CountThemIn со еден уметнички проект во кој учествуваат четворица ветерани кои се обоени во боите на нивното опкружување. Поентата е да се потенцира колку тие се невидливи, безгласни и заборавени од ова ново општество.
Oд референдумот во Британија, се знае дека 741.000 одат со велосипед на работа, 106.000 луѓе живеат во караван, а повеќе од 170.000 тврдат дека нивната религија е Џедаи. За воените ветерани и другите сегашни припадници на вооружените сили не се знае речиси ништо.
Се проценува дека такви ги има околу 6.5 до 6.7 милиони (десетина од населението), па кампањата повикува на вклучување на нови прашања во следниот попис, прашања кои ќе бидат поврзани со овие професии. Да се знае нивната бројка значи и подобра грижа за нив и повеќе излегување во пресрет на нивните потреби.
Дотогаш, воените ветерани во британското општество изгледаат отприлика вака: