Фоторепортажа: Шар Планина

Фоторепортажа: Шар ПланинаНа 29 мај 2011 година се одржа јубилејното, 30-то по ред искачување на вториот највисок врв во Македонија, Титов Врв на Шар Планина. Настанот беше во организација на планинарското друштво „Љуботен“ од Тетово, а таму се најдоа повеќе планинарски друштва од Македонија и Србија.


Фоторепортажа: Шар ПланинаТргнувањето од Скопје беше закажано во 5.30 часот, но ние сепак тргнавме по македонско време (половина час подоцна). Но, најважно беше што стигнавме на почетната точка за овој планинарски марш, Попова Шапка, некаде околу 7.30 часот и колоната полека започна да се движи кон височините.
Фоторепортажа: Шар ПланинаУште првиот поглед на запад ни откри дека времето нема да биде сјајно и многу веројатно, ќе се соочиме со неколку годишни времиња попатно. Сепак, одличното друштво и планинските пространства беа доволен мотив храбро да тргнеме напред.
Фоторепортажа: Шар ПланинаСнегот што се топи по планината создава голем број рекички, коишто секако мораа да бидат преминати…
Фоторепортажа: Шар ПланинаНебото го покрија темни облаци, а ние полека се движевме по подолгата, но значително полесна патека.
Фоторепортажа: Шар ПланинаПо половина час одење, патот заврши, а ние продолживме да се движиме по тесни патеки, низ лавиринтите од корења и крупни камења, опкружени со неверојатен видик и уште поубави мириси.
Фоторепортажа: Шар ПланинаФоторепортажа: Шар ПланинаФоторепортажа: Шар ПланинаФоторепортажа: Шар ПланинаПопатно, неколкупати се сменија сите годишни времиња. Сонцето силно запечуваше во еден миг, за веднаш потоа да се спушти густа магла, по што следуваше град, којшто за среќа, за многу кусо време престана да паѓа. 
Фоторепортажа: Шар ПланинаОна на што се пожалија најголем дел од планинарите, особено оние што првпат доаѓаат на ова искачување, беа незгодните „снежни јазици“ на одредени делови од патеката.
Попатно се сменија При враќањето, на една стрмна падина, кадешто патеката минуваше низ „снежен јазик“, вашиот фоторепортер се лизна и за малку немаше да стигне да ви ја пренесе оваа фоторепортажа. Голема благодарност до трите планинарки за спасувањето на животот.
Фоторепортажа: Шар ПланинаИскачувањето продолжи со добро темпо, а секоја наредна глетка беше поубава од претходната.
Фоторепортажа: Шар ПланинаФоторепортажа: Шар ПланинаФоторепортажа: Шар ПланинаСите се обидуваа да заробат дел од убавините што ги здогледаа попатно. Така и ние…
Фоторепортажа: Шар ПланинаФоторепортажа: Шар ПланинаИ тогаш доаѓа мигот кога ќе ја здогледате кулата на Титов Врв, на надморска височина од точно 2747 метри. Оттука почнува најстрмниот дел од искачувањето, којшто е дополнително отежнат од психолошкиот момент. По тој миг, ќе ви бидат потребни помеѓу половина и еден час искачување до крајот, во зависност од темпото.
Фоторепортажа: Шар ПланинаЗа жал, во текот на престојот на врвот, бевме потполно обвиткани од густа магла, што оневозможи фотографирање на непрегледните пространства околу Титов Врв.
Фоторепортажа: Шар ПланинаСимнувањето може да биде подеднакво забавно како и качувањето, доколку сте опкружени со убави луѓе.
Фоторепортажа: Шар ПланинаНа моменти, видливоста беше помала од 5 метри и придонесуваше за фантастична хорор-атмосфера.
Фоторепортажа: Шар ПланинаТаквата атмосфера ја расипуваа само бројните весели гласови во далечините.
Фоторепортажа: Шар ПланинаЗа денот да не помине совршено, на крајот се погрижи македонското предизборие. Имено, за време на викенд, во туристичко место какво што е Попова Шапка, на денот кога се одржува најмасовното искачување на Титов Врв, некој реши дека е соодветно да го затвори единствениот приоден пат во 17 часот и да отпочне градежни работи.
Фоторепортажа: Шар ПланинаПа така, ние имавме чест да поминеме уште цели два часа на паркингот на Попова Шапка, весело и разиграно врткајќи се околу нашите автобуси. На прекрасните луѓе што ни го овозможија тоа им ја посветуваме последната фотографија што ја насловивме: „Веце во магла“.
Фоторепортажа: Шар Планина

- Реклама -