Фичо ќе подготви крем со лимон и лимета, совршено освежување за топлите денови кои доаѓаат.
Подготовка:
Чекор 1: Вклучете ја ринглата на средна температура. Во садот за сос ставете го путерот, шеќерот, јајцата, жолчките, сокот од лимета и сокот од лимон. Мешајте постојано 4-5 минути додека не ја добиете посакуваната густина. Внимавајте да не проврие. Доколку проврие рецептот не е успешен. Почнете од почеток со нови состојки.
Чекор 2: Тргнете го кремот од рингла и додадете една лажица кора од лимон. Кремот ставете го во сад за крем и прекријте го со фолија за да не фати кора. Оставете го да се лади во фрижидер еден час.
Чекор 3: Во сад за матење изматете ја крем павлаката со шеќерот. Кремот изматете го повторно и полека соединете го со белиот крем употребувајќи шпатула.
Чекор 4: Смесата сипете ја во 6 чаши, прекријте ја со пластична фолија и ставете ги во фрижидер да се оладат.
Чекор 5: Декорирајте со свежо рендана кора од лимета или лимон.
Чекор 6: Сервирајте!
СОВЕТ: За да не фати кора кремот, фолијата залепете ја по површината на кремот.