Во март, NASA објави дека тој месец бил најтоплиот во последните 136 години. Тогаш NASA истакна и предупреди и дека октомври, ноември и декември 2015, како и јануари и февруари 2016 – ги срушија сите рекорди во глобалните температури, и дека тој тренд ќе продолжи.
Како што тврди NASA во најновиот извештај, температурите на глобално ниво во април 2016 година изнесувала 1.11 степени Целзиусови, со што април стана шестиот месец во серија кој ги надмина претходно измерените температури.
„Ова е навистина голема информација. Моментално сме во позиција кога не знаеме како нештата ќе се одвиваат. Знаевме дека Ел Нињо има влијание, ама мислам дека никој не очекуваше ваков скок“, изјави метеорологот Ерик Холтхаус.
Во однос на мерењата од 1880-та година, температурите во последните година дена, на глобално ниво, се пораснати за 25%.
Гевин Шмит – директор на Годард институтот на NASA за вселенски истражувања, заклучува дека научниците уште сега речиси со сигурност можат да предвидат дека 2016-та ќе биде најтоплата година во историјата.