Времето затоплуе. Цвикерите од кои се покрива пола фаца, ќе почнат да рефлектираат светлина према булеварот. Оние стубчињата на тротоар шо ги акна Ивица Коневски по населбава, ќе ги спречи шемаџиите сосе коли да улетаат на сепаре и да нарачуваат пијачки со подадени раце. Гукнете нешто бе фоки! Тоа книгите шо глумите дека ги читате додека сркате од цевка, ќе ги прочитате ли некад? Локалот е препун као контрационен логор! Од сите страни се слуша џагор а никаков муабет. Аеродромска шема со неародромски фаци. Да беа аеродромци, со тренерки и билтени од Златна копачка ќе улетуваа унутра. Тоа струкираните кошуљи и раширени крагњи, зборат дека некој пичел доста километри за да го избаци својот АУТ-ФИТ! Фитот е аут а конструкцијата на локалот се тресе од неприродните вибрации. Овој асфалт не го може овој људски микс. Поминувам од другата страна на улицата коа пешачам накај Железничка. Кај шо дежавуто не ме допира!Уринирам со џукелата уличарска, без да му ја мислам дека ќе ме казни комунален иснпектор. Пие кафе од карши!
На мочли шо излагаат и помодарски места, не треба да им се верува! Нејзиниот after work е испланиран уште у понеделник, се темпира у вторник, среда у четврток, за у петок конечно да се падне у транс. Нејзиниот after work е испланиран ко шо е испланиран нејзиниот живот! Да се ушлепа кај фраер активен на берза, со солидно конто на банкарска сметка и да има моќ да врти разни животински крзна околу врат! Тие крзната околу врат шо ги носите имаат повеќе душа од вас гипсираните неемоционални фаци! Кутри животинки, за што ли ги одраа. Да знаеа кај какви серковци ќе висат, сами ќе му улетаа на Тигарот у уста!
Можам само да ги замислам тие разговори кои се тртљаат кога ќе се комлетира ваков double. Мочлата се кези на недуховите муабети и најчесто го користи зборот:НЕЛИ?….како шлаг на глумата за некој си заеднички интерес! Помодарската шема раѓа друштва од интерес. За кој кур дремат празни околните локали а сите како сардини сте се начукале у Дежавуто на пример? Тоа е затоа што сте филмаџиска нација, навлезена у црвена фаза на глумење европски живот! Да..Цените шо ги даате за кафето у таа глума е европска. Но го пиете у Скопје, на 3 метра од булевар, кај шо брмчат коли и мотори, трујат ауспуци и кењаат коњи од запрежни коли! Пријатен ден, шемаџии!
Глумењето на живот кулминира во ваквите локали, каде што бледо се копира нешто монденско, нешто гламурозно и нешто актуелно. Актуелни се фаците на оние кои се болни за внимание. Иначе не би им било проблем, кафенце да шмркнат и од другата страна на улицата. Кај шо седат обичните смртници кои ги боли петел за нивната околина.
Шема у која побитно е каде ќе се седне него ли со кого ќе се седне! Болен податок е дека у главниот град на нашата земја, најголем профит носи сељачизмот. Чист бизнис е сите сељаци да ги натераш да се укопаат на едно место и да им продадеш филм и приказна дека се дел од големото добро утро. Тоа го најумешно го праеше Драган Вучиќ со оние негови претстави за стари баби и руралци!Пуши го Скопје!
Пред некои 20 тина дена, пиев кафе епсресо и минерална вода, на околу 5 минути пешки од познатиот плоштад Дуомо, во Милано. Ме фрапираше сметката од минорни 3 евра! Swiss cafe барот, е локал сместен во самиот центар на еден од најмонденските градови во Европа. Ми кажаа дека местото го посетуваат многу глумци, музичари, уметници. Не се изненадив кога видов дека местото си зјае полупразно, некаде по завршување на работното време. Фацките таму не го глумат животот, туку го кулираат и си го возат у лер брзина. Го примив тој нормален човечки баланс за преевтини 3 евра. Сметката ја ставив во џеб за да можам да им ја покажам на фацките од овде кои глумат живот. Во преполни локали со расклатен инвентар каде за 3 евра не можеш да испиеш Нес кафе и сок. Во нашето ни Скопје. Местото каде шо глумењето на висока клапа ни ги дигна цените на обичното кафе муабетење. Им ја оставив сметката од Милано, веднаш до нивната. Едната платена за кулирање, втората платена со неверување….
НАПИША: БУЛЕВАРКО