Нова крос-варијанта на VW Polo?

popup_780_Volkswagen-1000-1[1]

Volkswagen има намера да ја прошири својата гама со неколку перспективни кросовери. Веќе е официјално потврдено дека еден од нив ќе е крос-варијанта на моделот Polo. Може да се каже дека тоа ќе е и посебен модел во однос на стандардниот мал модел на концернот.

141_Volkswagen-470-2[1]

Концептот на новиот кросовер има светла за магла, што потсетуваат на оние кај новите машини на Германците со ознака GTE. Главните светла пак потсетуваат на оние од Tiguan. Автомобилот има типичен за ваков вид возила off-road кит, вклучувајки шини на покривот и заштита на браникот. Природно, зголемен е и клиренсот.

992_Volkswagen-470-3[1]

За време на премиерата на концептот SUV T-Prime GTE претставниците на концернот открија некои од главните карактеристики на субкомпактниот нов кросовер. Според нив дизајнот на автомобилот ќе потсетува на концептот T-Cross Breeze, прикажан оваа пролет на автосалонот во Женева.

Автоплус

- Реклама -