Најголемите фудбалски предавства

sol-judas

Пред месец и повеќе пишувавме за играчите кои играле само за еден клуб од „пелени“ до пензија. Денес ви ги претставуваме оние кои не само што менуваа клубови како чорапи, туку се селеа во најозлогласените ривали и оние кои забораваа за кој клуб играле од кога ќе се преселат во новиот… има од сите…

Одиме по ред…

Вчера дознавме дека Матс Хумелс си оди од Борусија Дортмунд, токму во Баерн Минхен, но тоа не е ништо ново…

humels
И Геце и Левандовски, па сега и Матс

Мајкл Овен

Иако не го направи тоа директно, сепак играше цели 13 сезони за екипата на Ливерпул (од 1991) и беше миленик на навивачите. Во 2004-тата отиде во Реал Мадрид каде играше само една сезона. Се врати во Премиер лигата и потпиша со Њукасл, сè до 2009 кога го направи незамисливото. Заигра за клубот во кој не смееше. Манчестер Јунајтед. Кариерата ја заврши во Стоук.

owen

Јан Рајт

Феноменалниот напаѓач дојде во редовите на Арсенал од тогаш (и сега) далеку послабиот Кристал Палас. Но, не го направи „Јуда“ тоа што дојде во Арсенал колку потегот кој го направи на првиот натпревар против својот поранешен клуб по постигнувањето на голот. Даде гол и еуфорично го прослави, бакнувајќи го грбот на Арсенал.

kissthebadge_wright1

Луис Енрике

Преку 150 меча за Реал Мадрид и по истекот на 1996, ни помалку ни повеќе, Барселона. Навивачите на Реал никогаш нема да му го простат тоа.

enrique_real_madrid_1

Луис Фиго

По 4 години мадриѓаните им вратија на каталонците, и тоа како! Им го лапнаа во тоа време едниот од најдобрите фудбалери во тимот и тоа во топ форма. 2000-та година Реал инкасираше на контото на Барселона сума која на каталонците им ги врза рацете. На првото гостување во Каталонија, кога сакаше да изведе корнер, Фиго беше погоден со свинска глава.

Luis-Figo

Роналдо

Две години по Фиго, уште еден удар за Барселона. 2002-та година, од Интер во Реал Мадрид пристигнува мега-ѕвездата и тогаш најдобриот напаѓач Роналдо Назарио да Лима. Иако за Барселона играше само една сезона, навивачите не го примија тоа баш најдобро бидејќи се случи непосредно по Фиго, а во тој период Реал го креираше „Галактикос“. За Реал одигра 5 сезони кога „оп“ уште едно предавство. Назад во Италија и тоа во градскиот ривал на Интер, Милан. Иако за Милан одигра околу 300 минути вкупно сепак остана играчот кој успеал да постигне гол и за двата тима на градските дербиа. Друг на кој истото му пошло за нога е …

roki

Златан Ибрахимовиќ

Играше за трите италијански великани, Јувентус, Интер, Милан. Во Јувенус дојде од Ајакс, па играше три сезони во Интер од каде отиде во Барселона, од Барса се врати во Италија и тоа во Милан и се закити со истата титула како и другар му над него, постигнати голови на двете градиски дербија. Штета што и двајцата не успеаја да се закитат со трофеј од Лигата на шампионите, на толку клубови…и тоа јаки…

Сол Кембел

Доаѓа во Тотенхем како 15-годишник и за Спарси игра 9 години, пред да дојде во озлогласениот премиер-лигашки и лондонски ривал, Арсенал во 2001. Еве како му пееја навивачите на Тотенхем на секој натпревар против Арсенал.

- Реклама -