Со познаниците можеш да се пошегуваш, ама со добрите пријатели се шегуваш и на нивна сметка. Е сега, дали тоа е коренот на следниве безопасно-навредливи меѓународни шеги – може да биде предмет на дебата, но едно е сигурно: цела Европа има „мрзлив Црногорец“, „глуп Босанец“ или „скржав Словенец“ и таквите заебанции не се типични само за Балканот.
Британски „Гардијан“ сумираше дел од таквите, кои европските народи ги плескаат на сметка на своите комшии.
Финците сакаат да ги ребрат Швеѓаните, а најпопуларниот виц е прашањето: „Која е разликата помеѓу Швеѓанин и Финец? Швеѓаните имаат добри комшии“.
Една англиска фудбалска шала на сметка на Германците гласи: Германските фудбалери се како германската храна. Ако не се увезени од Полска – не ги бива.
Италијаните се можеби единствениот европски народ кој сака да се шегува на своја сметка, затоа ја имаат изреката: „Никогаш не зборувај со италијански возач на автобус – ќе му требаат рацете за да ти одговори“.
Гардијан чепка и во грчко-македонските односи, наведувајќи ја следнава шега: „Гркот ѝ вели на жена си: ‘Кога би знаела да готвиш и чистиш не би ни биле потребни чистачка и готвачка’. Жената одговара: ‘Ти да беше добар љубовник немаше да ми треба Македонец’.
Белгијците сакаат да ги ребрат шкртите Холанѓани, ама па земјите од тој регион ги сметаат Белгијците за „малку глупи“. Сеедно:
„Како почнуваат холандските рецепти за храна: Позајмуваш шест јајца, 200 грама брашно, пола литар млеко…“
Од друга страна: „Зошто Белгијците имаат помфрит, а Арапите имаат нафта? Зашто Белгијците бирале први“. Или: „Што прави белгиска мајка кога водата за бањање на бебето е прежешка? Става ракавици на рацете“.
Белгијците за Холанѓаните: „Облечи капут драга“, ѝ вели Холанѓанинот на сопругата. „Зошто?“, прашува таа, „зарем ќе излегуваме?“. „Јас излегувам, ама ќе ја намалам печката пред да одам“, одговара мажот.
Одиме понатаму низ Европа:
Британците за Шкотите: „Англичанец, Ирец и Шкот планираат забава. ‘Јас ќе донесам 6 кригли пиво’, вели Англичанецот. ‘Јас 6 кригли Гинис’, вели Ирецот. ‘Јас ќе донесам 6 пријатели’, вели Шкотот“.
Португалците за Шпанците: „Тато, кога ќе пораснам сакам да бидам како тебе“, вели малото Шпанче. „Убаво, а зошто?“, го прашува таткото. „За да можам да имам син како мене“, одговара малиот.
Италијанци, пак сами за себе: „Исус мора да е Италијанец. Само италијански син може да живее со мајка му до 30, да мисли дека мајка му е девица, а само мајка од Италија може да мисли дека син ѝ е Бог“.
Белгијците за Французите: „Зошто Французите го избраа Галскиот петел како симбол на државата? Зашто само петел може да пее додека е во гомна до колена“.
Швеѓаните за Норвежаните: „Зошто Норвежаните имаат толку мрсна коса? Пуштаат нафта да им влезе во главата“.
Данците за Швеѓаните: „Која е најдобрата ствар што дошла од Шведска во Данска? Празен траект.“
Естонците за Финците: „Двајца Финци се сретнуваат по многу години. ‘Како си’, прашува Пек. Овој воздивнува и нарачува пиво. ‘Како ти е фамилијата’, прашува одново Пек. Овој пак воздивнува и нарачува пиво. ‘Како е на работа’, го прашува три пива подоцна. ‘Слушај, дојдовме да пиеме или да зборуваме?’, одговара другиов“.
Швајцарците за Австријците: „Зошто австриското знаме е црвено-бело-црвено? За да не се збунат кога ќе го поставуаат“.
Австријците за Германците: „Основната разлика помеѓу Австриец и Германец е тоа што Германците би сакале да ги разберат Австријците, ама не можат, а Австријците ги разбираат Германците, ама не сакаат“.
Словаците за Чесите: „Што е потребно за Чесите да бидат среќни? Не многу, сé додека сите имаат помалку од нив“.
Романците за Унгарците: „Ги направив сите тестови, и докторот ми рече дека сум ксенофоб. Ете, уште една болест што ми ја пренесоа Унгарците“.
Украинците за Русите: „Купив кравата за 3000 евра“. „Идиоте, си можел да купиш иста таква подоле по улицата за 5.000 евра“.