Секоја успешна компанија има свое карактеристично лого кое го привлекува вниманието и овозможува инстантно препознавање. Но колку тие компании платиле за својата препознатливост?
British Petrol (BP): 211.000.000 долари
Логото на BP било редизајнирано во 2008 година.
BBC: 1.800.000 долари
BBC го редизајнираше своето лого во 1997 година.
Pepsi : 1.000.000 долари
Новото лого на Pepsi било дизајнирано од Арнел Групацијата во 2008. Во официјалната цена е опфатен и пакет за брендирање.
Nike: 35 долари
Логото на Nike било дизајнирано од Каролин Дејвидсон во 1975 година. Во цената е опфатен само дизајнот на логото кое било рафинирано но како и во случајот на Google и Coca-Cola општиот дизајн останал непроменет. Компанијата подоцна ѝ дала дополнителен хонорар од 500 акции на госпоѓа Дејвидсон, акции кои денес вредат над 600.000 долари.
Twitter: 15 долари
Логото на Twitter било дизајнирано од Сајмон Оксли во 2009 година.
Google: 0 долари
Оригиналното лого на Google било дизајнирано во 1998 година од Сергеј Брин во Gimp, еден од основачите на Google. Логото било рафинирано неколку пати но оригиналниот концепт сè уште останува.
Coca-Cola: 0 долари
Познатото лого на Coca-Cola било создадено од сметководителот на Џон Пембертон, Френк Мејсон Робинсон, во 1985. Робинсон го смислил името и го одбрал логото со карактеристичниот облик. Фонтот, познат како Spencerian script, бил развиен во средината на 19 век и бил официјалниот фонт за формален текст во САД во тоа време.