Еве еден едноставен експеримент. Два мајмуна во кафез, треба да извршат иста задача – да му дадат камче на истражувачот, а тој ги наградува со храна. Кога на двата мајмуна им дава краставица, тие се задоволни и подготвени да го прават истото цел ден. Кога едниот добива краставица, а другиот грозје – како подобра храна, првиот веќе не е расположен за играње.