Одбележуваме една година од смртта на 8 те македонски полицајци кои загинаа во бoрбите кај Диво Насеље во Куманово. Иако е премногу идеалистички, тоа за будала ко мене е сепак, најсуштинскиот пример за покажување тоа како се сака и како се брани својата земја. Тие дадоа се, осамна на еден споменик, кој зборува многу повеќе од нас бездушните Македончиња поделени во два спротиставени табори. На јатаците им ги соѕидаа дивоградбите а мајките ќе тажат по своите синови. Сопругите по своите мажи, синовите и ќерките по своите татковци. У меѓувреме. Народецов дели лекции за тоа кој е поголем патриот и кој повеќе ја сака Македонија. Ја сакате жими ашим! Ја сотревте, ја руиниравте повеќе од сите УЧКИ од 2001 па наваму!
На местото на разурнатите куќи во ДИВО НАСЕЉЕ, никнаа палати! Македонија е единствена земја у светот што санира оштетени дивоградби. Полицајците што го дадоа својот живот во Диво Насеље, не ја добија почитта од ,,недолжните” цивили. Тие денес ја одбележаа смртта на терористичката група од Косово. Иако Македонија им ги напраи куќите, тие не сакаа ни малку почит да дадат кон загинатите полицајци кои дојдоа да им го средуваат ѓубрето по двор. Ова ќе им го посочам на сите оние кои сакаат да не убедат во некои заеднички цели, во една земја каде што двата етникума се поделени во два спротивни табори. Патетиката за заедништво и соживот, завршува со денешното одбележување на годишнината за загинатите терористи од Косово.Во Куманово! Во Дивото Насеље! Оние кои загинаа за да им ги ослободат домовите, како по обичај, беа заборавени. Зарем не беше доста разурнување домови и млади луѓе во сандаци? Кога злосторниците ќе бидат покажани јавно со прст за да можеме да живееме како нормални луѓе и да се погледнеме во очи?
Во година на протести, некои накурчени фаци со патриотски префикс повикуваат на линч и сотрување на Македонци неистомисленици. Колку сме толку сме…Какви сме? За никаде сме! Тешко на нашата мајка ако вакво стампедо од народ треба да ја оправа и да ја спасува Македонија. Оние другите батки ќе ја одбележуваат смртта на бригадите од Косово кои внесоа во Куманово стотици парчиња муниција,ракетни фрлачи, скапи снајпери и кучиња на војната. Куќите на нивните ментори од Косово не се разурнаа. Се разурнаа на оние цивили, ајде да речеме недолжни, во чии дворови се одвиваа борбените дејства. Батките не ги научија лекциите од минатото. Матните игри и реките крв ќе се леат по нивните дворови а нивните идоли од пристојна далечина ќе билдаат политички кариери. Ништо не е сменето. Али 15 години е во власт како увезник на разурнувањето на куќите кај Албанците, а денес се истакнуваат сликите на оние поради кои се разурнаа лани. Слаб капацитет и лош ментален склоп. Оваа багра не моеш толку да ја тепаш ко шо она може да издржи.У меѓувреме, македонското и албанското знаме, лицемерно ќе се веат по плоштадите.
Во 2001 на сила ни ја сменија преамбулата дека ова е земја на Македонците. Изминативе 15 години, ние се потрудивме и на терен тоа да биде така. Двојазично се поздравуваме, двојазични протести и пресови праиме. Но не и кај браќата Албанци. Кај нив и понатаму главен декор е орлето, главни нумери се хитојте за Адем Јажари и Бали Комбатар. Слободно начукајте си ги тие стапојте на граџанство и либерализам у шупак. Од спротива ве мочаат и вас прокламаторите и нас кои неаме врска со вашите заеднички гомнарии!Доста е од лицемерие батиња. И премногу…
Ќе продолжат да бијат камбаните во чест на загинатите херои. Помените ќе се редат во календарот а ние ќе се присетуваме на загинатите за тоа какви прекрасни луѓе биле. Но дали некогаш ќе ни тропне камбаната на свеста? Онаа камабана која треба да не разбуди конечно и да ни каже дека сме на добар пат самите да се самопоништиме? Ако после ова лицемерие, прикажано од пред палатите од Диво Насеље не научиме дека пред се од нас зависи каква ќе ни биде земјата, ништо нема да постигнеме. Смртта на хероите ќе е залудна затоа што оние од другата страна многу добро знаат што сакаат. Тие и понатаму ќе целат на колективни борби и поделба базирана на етнички префикс. Додека ние самите ќе се обезличиме во некоја си граѓанска групација која ќе вее безбојни знамиња….
НАПИША: БУЛЕВАРКО